Соопштение од 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година

Press realeses  |  Nov 21, 2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година, одлучи за следното...


СООПШТЕНИЕ

      Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година, одлучи за следното:

1.Усвоен е:
   • Записник од 321-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.10.2019 година.

2.Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола, Основен суд Гостивар, Основен суд Кочани и Основен суд Охрид.

3.Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на судии во основните судови во РСМ, и тоа:

- 1 (еден) судија во Основен суд Берово;
- 1 (еден) судија во Основен суд Битола;
- 1 (еден) судија во Основен суд Виница;
- 1 (еден) судија во Основен суд Гостивар;
- 1 (еден) судија во Основен суд Делчево;
- 1 (еден) судија во Основен суд Кичево;
- 2 (двајца) судии во Основен суд Куманово;
- 1 (еден) судија во Основен суд Крушево;
- 1 (еден) судија во Основен суд Охрид;
- 1 (еден) судија во Основен суд Свети Николе;
- 3 (тројца) судии во Основен кривичен суд Скопје;
- 3 (тројца) судии во Основен граѓански суд Скопје;
- 1 (еден) судија во Основен суд Тетово и
- 1 (еден) судија во Основен суд Штип.

4.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за III тромесечие за 2019 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

5.Формирани се комисии на известители по 5 (пет) поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.

6.Донесена е Одлука по поднесено Барање за изземање на член на Судски совет на РСМ за постапување во Комисија.