Соопштение од 280-та седница од 4.07.2018 година и продолжение од 5.07.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 280-та седница од 4.07.2018 година и продолжение од 5.07.2018 година

Соопштенија за јавност  |  06.7.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 280-та седница одржана на ден 4.07.2018 година и продолжението на седницата на ден 5.07.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

     Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 280-та седница одржана на ден 4.07.2018 година и продолжението на седницата на ден 5.07.2018 година, усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:

1. Усвоен е:
     • Записникот од 279-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 12.06.2018 година.

2. Донесена е Одлука за заклучување на Судскиот изборен именик.

3. Донесена е Одлука за формирање на Комисија за спроведување на избор на член на Судскиот совет на РМ од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

4. Утврдена е единствена посебна листа на кандидати на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

5. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 1 (еден) судија на Виш управен суд и 2 (двајца) судии на Управен суд.

6. Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Зоран Глигоров од Основен суд Кочани во Основен суд Делчево, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

    Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Илија Стојанов од Основен суд Струмица во Основен суд Берово, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

7. Формирана е Комисија за утврдување на одговорност на судија од редот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија по едно Барање за утврдување на одговорност на судија.

   Определен е известител од редот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија по едно Барање за утврдување на одговорност на судија.

9. Донесено е Решение за престанок на судиската функција на Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Република Македонија, поради исполнување на услови за старосна пензија.

    Донесено е Решение за престанок на судиската функција на Мустафа Дардхишта, судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

   Констатиран е престанок на функцијата на судијата-поротник на Основен суд Битола за Пецо Христовски од Битола, поради навршени 64 години.

   Констатиран е престанок на функцијата на судии-поротници во Основен суд Гевгелија, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.

  Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Кичево и тоа: Лилјана Костадиноска, Трајче Апостолоски, Димитар Димоски, Даниела Нанческа, Мерита Адиљи, Абди Садику, Маја Крстеска, Јетмир Ајрадини, Херолинд Исеини, Кристина Станкоска, Милка Ѓуроска и Васо Коруноски.

   Донесена е Одлука за избор на Нада Додевска од Крива Паланка за судија-поротник на Основен суд Крива Паланка.

   Разгледана е Петицијата поднесена од страна на Стручните судски службеници во врска со Барањето за измена на Законот за судови во поглед на изборот на судии од редот на стручните судски службеници од судовите и Судскиот совет на Република Македонија даде поддршка во оваа насока и ќе преземе соодветни активности во рамките на неговите надлежности.

  Седницата под точка „8“ - Расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија, се одлага за 9.07.2018 година (понеделник) со почеток во 9,00 часот.


   По одлагањето на 280-та седница, продолжи 273-та седница по незавршениот дел од точката „6“ од Дневниот ред и донесена е Одлука за времено упатување и тоа:

   Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Љупчо Спировски од Основен суд Тетово во Основен суд Скопје 2 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

  Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Марија Скалова од Основен суд Куманово во Основен суд Скопје 2 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

  Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Благица Ѓошевска од Основен суд Крива Паланка во Основен суд Скопје 2 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.