Соопштение за работни посети во Вишиот управен суд, Управниот суд и Основниот суд Скопје 2 Скопје
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за работни посети во Вишиот управен суд, Управниот суд и Основниот суд Скопје 2 Скопје
Соопштенија за јавност
|
25.8.2017
Работни групи составени од членови на Судскиот совет на Република извршија работни посети во Вишиот управен суд, Управниот суд и Основниот суд Скопје 2 Скопје на ден 24.08.2017 година ...
СООПШТЕНИЕ
Работни групи составени од членови на Судскиот совет на Република извршија работни посети во Вишиот управен суд, Управниот суд и Основниот суд Скопје 2 Скопје на ден 24.08.2017 година.
Во рамките на посетите се изврши увид во работата на судиите и тоа:
- во делот за почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија;
- почитувањето на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките;
- констатирање на евентуален застој во работата на судиите, како и причините за застојот;
- каква е состојбата со старите предмети во судот;
- извршен е увид во автоматската распределба на предметите во судот со цел вршење на проверка на функционалноста и користењето на апликацијата Акмис.