Работна посета на судовите во Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работна посета на судовите во Република Северна Македонија
Работна посета на судовите во Република Северна Македонија
Во рамки на предвидените посети на судовите, со цел непосредно да се слушнат судиите за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на преземање на дејствија од страна на Судскиот совет заради надминување на истите и подобрување на состојбата во судството, Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева заедно со Заменик претседателот на Судскиот совет, Ханиф Зендели, остварија работни посети и разговараа со судиите во Вишиот управен суд, Апелациониот суд Гостивар, Основниот суд Гостивар и Основниот суд Тетово.
Во периодот кој следува, средби ќе бидат остварени и со претседателите и судиите со сите останати судови во државата.