Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на уверенија на кандидати за судии и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на уверенија на кандидати за судии и јавни обвинители

Соопштенија за јавност  |  30.3.2023

 

Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на  уверенија на 

 кандидати за судии и јавни обвинители

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на свечената церемонија по повод доделувањето на уверенијата на седмата генерација завршени кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии  и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Претседателката на Судскиот совет во своето поздравно обраќање до кандидатите за судии и јавни обвинители истакна дека верува во нивниот интегритет, знаење и вештини кои ги стекнале  и ги усовршиле во текот на обуката на Академијата  и дека очекува сето тоа да го имплементираат и покажат во својата работа. На кандидатите им посака успех како на професионален, така и на личен план и  својата функција да ја извршуваат достоинствено, затоа што нашето општество заслужува квалитетна, неселективна и видлива правда, а граѓаните во чие име ќе ги носат одлуките тоа го очекуваат од нив, а со тоа да дадат свој придонес во судството.

 

                                                                                       Кабинет на претседателот

                                                                        на Судскиот совет