Работна средба на претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба на претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир

Соопштенија за јавност  |  02.11.2021

 

Работна средба на претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир

 

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска одржа работен состанок со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир кој беше придружуван од неговиот тим. На средбата беше дискутирано за процесот на реформи во судството, како и за други актуелни прашања поврзани со работата на Судскиот совет.

Европската Унија покажа особен интерес за имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.

Беше отворена и дискусија околу последниот Извештај на Европската комисија, за делот посветен на судството при што беше констатирано дека се нотирани одредени позитивни промени и напредок, но и дека претстои многу работа со цел да се остварат реформите за независно, објективно и професионално судство.

Важноста за навремено спроведување на Стратегијата за човекови ресурси во судовите со акциски план, како и годишниот буџет за судството беа меѓу темите на кои соговорниците посветија посебно внимание.