Упатство [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Упатство

Соопштенија за јавност  |  14.3.2020

 

УПАТСТВО

за постапување на Основниот суд Дебар за време на кризната состојба пропишана од Владaта на РСМ во општините Дебар и Центар Жупа

 

          Судиите и судската служба во Основниот суд Дебар се должни да постапуваат по препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи, со преземање на сите мерки на претпазливост.

           За време на кризната состојба во Основниот суд Дебар се извршуваат само нужните работи и тоа:

  • Судења на кривични предмети кога обвинетиот е во притвор;

  • Кривични предмети на странките кои не живеаат во Република Северна Македонија а се затекнати во Општина Дебар и Центар Жупа;

  • Кривични предмети за крвичните дела „Пренесување заразна болест“ по член 205 од КЗ, „ Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ, „Несовесно лекување болни“ по член 207 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ по член 387 од КЗ;

  • Предмети за примена на времени мерки;

  • Прекршочни предмети од итна природа;

Приемот на поднесоците се врши електронски.

Уверенијата и другите судски акти се доставуваат електронски до странките и надлежните органи доколку постојат технички услови за тоа.

           Закажаните расправи по предметите кои не се од итна природа, како и предметите во кои едната или двете странки се со живеалиште или престојувалиште надвор од општините Дебар и Центар Жупа се одлагаат до завршување на кризната состојба.

Претседателот на Основен суд Дебар е должен да обезбеди континуирана комуникација со судиите, судската служба, надлежниот обвинител и другите учесници во системот на управување со кризи. Должен е да ги применува одлуките, насоките, препораките и другите мерки и активности на Владата на РСМ, Министерството за здравство и другите надлежни органи.

          Апелационен суд Гостивар постапува по жалби по предметите на Основниот суд Дебар по кој се суди на нејавна седница.

         

 

 

                                                                                        СУДСКИ СОВЕТ НА

                                                                   РЕПУБЛИКА  СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                                                                       Претседател,

                                                                                       Киро Здравев