Работна средба на Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Франција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба на Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Франција

Соопштенија за јавност  |  23.3.2023

 

РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, оствари работна средба  со Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија,Н.Е. Сирил Бомгартнер и регионалната судијка за врски Фредерик Дибост.

На работната средба Амбасадорот беше информиран за работата и активностите на Судскиот совет, како и за главните предизвици што следуваат во наредниот период, кои се во насока на враќање на довербата во јавноста за судството.

Од страна на Претседателката на Судскиот совет беше изразена благодарност за поддршката која Република Франција ја дава во судството, со цел да помогне во создавање на ефикасен и квалитетен судски систем во Република Севррна Македонија.

Претседателката на Судскиот совет и Амбасадорот ја истакнаа заложбата за понатамошна взаемна и плодна соработка.