Судскиот буџетски совет одржа работна средба
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Судскиот буџетски совет одржа работна средба
Соопштенија за јавност
|
20.5.2024
Судскиот буџетски совет одржа работна средба
Судскиот буџетски совет одржа работна средба на која се разговараше за приоритетите во насока на обезбедување на финансиска независност на судството, состојбата во која се наоѓаат судовите, потребата од зголемување на буџетот на судовите и обезбедување на самостојност во постапката за вработување во судовите.
Обезбедување на финансиска независност на судството е предуслов за обезбедување на објективна правда и квалитет во правораздавањето, кое води кон зголемување на довербата на граѓаните во судството.