Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Njoftim për opinionin  |  13 Kor 2018
На 12.07.2018 година во кабинетот на министерката за правда претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски оствари средба со министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска во врска со...

 СООПШТЕНИЕ


       На 12.07.2018 година во кабинетот на министерката за правда претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски оствари средба со министерката за правда  проф. д-р Рената Дескоска во врска со реформите во судскиот систем како и за имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година.
       На средбата, исто така беше разговарано и за тековните проблеми со кои се соочува Судскиот совет на РМ, за проблемите со буџетирањето на судството, за  кадровската состојба во судството и во Судскиот совет на РМ, како и за просторните можности кои се неопходни за нормално функционирање на ССРМ.
       Во врска со Извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите изготвен од Комисија формирана од поранешниот министер за правда, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски ја информираше министерката дека на седница на Судскиот совет на РМ е избрана тричлена комисија која е должна да ги разгледа и да изврши увид во наводите и да изготви Извештај за судовите опфатени во извештајот и истиот да го достави до Претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Македонија.