Соопштение од 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година, одлучи за следното:
1. Усвоен е:
• Записникот од 311-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 18.06.2019 година.
3. Констатиран е престанок функција судија-поротник на Основен кривичен суд Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.
4. Расправаше по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи:
- по едно барање Комисијата за утврдување на одговорност е задолжена да го дополни Извештајот, поради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба;
- по едно барање донесена е Одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија;
- по едно барање е донесена одлука со која е запрена постапката и
- по едно барање е одложена расправата по барање на член на Судски совет на РСМ.
5. Донесени се одлуки по 32 (триесет и две) барања за повторно оценување на судиите.
6. Донесена е Одлука за утврдување на престанок на судиска функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово, поради исполнување на услови за старосна пензија.
7. Донесена е Одлука по поднесено барање на судија за надомест на патни трошоци.
Точката „2“ од Дневниот ред – Донесување на Одлука за времено упатување на судија Основен суд Берово е одложена.