Соопштение од 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година

Соопштенија за јавност  |  17.7.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

              

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 315-та седница одржана на ден 17.07.2019 година, одлучи за следното:

1.    Усвоен е:
•    Записникот од 311-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 18.06.2019 година.

3.    Констатиран е престанок функција судија-поротник на Основен кривичен суд Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.  

4.    Расправаше по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи:

-    по едно барање Комисијата за утврдување на одговорност е задолжена да го дополни Извештајот, поради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба;
-    по едно барање донесена е Одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија;
-    по едно барање е донесена одлука со која е запрена постапката и
-    по едно барање е одложена расправата по барање на член на Судски совет на РСМ.

5.     Донесени се одлуки по 32 (триесет и две) барања за повторно оценување на судиите.

6.    Донесена е Одлука за утврдување на престанок на судиска функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово, поради исполнување на услови за старосна пензија.

7.    Донесена е Одлука по поднесено барање на судија за надомест на патни трошоци.
 
Точката „2“ од Дневниот ред – Донесување на Одлука за времено упатување на судија Основен суд Берово е одложена.