Соопштение за 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година
Press realeses
|
Apr 30, 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 15.05.2024 година (среда) со почеток во 11.00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 486-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 15.05.2024 година, со почеток во 11.00 часот
- Утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола;
- Формирање на Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите;
- Донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ;
- Донесување на одлука за заклучување на Судскиот изборен именик;
- Разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ;
- Расправа по доставени приговори на решенија за редовно оценување на судии/претседатели на судови врз основа на доставен Извештај на комисијата;
- Утврдување престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесување на Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Кавадарци и Основен суд Струмица;
- Донесување на Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кочани и Основен суд Охрид;
- Одлучување по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.