Соопштение од 174-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 174-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2022 година

Соопштенија за јавност  |  24.1.2022

 

СООПШТЕНИЕ ОД 174-ТА СЕДНИЦА НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ

 

Судскиот буџетски совет на 174-та седница одржана на ден 24.01.2022 година (понеделник)  усвои и донесе:
 

  1. Записник од 173 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 30.12.2021 година;
     
  2. Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
     
  3. Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметкана сопствени приходи 631;
     
  4. Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2022 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
     
  5. Одлука за одобрување на средства на Врховниот суд на РСМ за обезбедување средства за превентивно, постгаранциско и адаптивно одржување на информатичко комуникациската технологија во судскиот систем на РСМ за 2022 година;
     
  6. Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2022 година;
     
  7. Одлука за овластување на Претседателот на Судскиот буџетски совет да врши пренамена на средства определени во делот „судска власт“ за 2022 година;
     
  8. Одлука за усвојување на Програма за работа на Судски буџетски совет  за 2022 година;

 

          Согласно протоколите за заштита на здравјето во услови на пандемијата предизвикана од КОВИД -19 вирусот, седницата  се одржа преку видео конференциска врска на ЗООМ платформа.