Соопштение од 476-та седница на Судскиот совет на РСМ - 31.01.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 476-та седница на Судскиот совет на РСМ - 31.01.2024 година

Соопштенија за јавност  |  02.2.2024

 

СООПШТЕНИЕ
 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 476-та седница одржана на ден 31.01.2024 година со продолжение на 01.02.2024 и 02.02.2024 година  го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. Усвоени се:

- Записник од 465-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 23.11.2023 година;

- Записник од 469-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.12.2023 година;

- Записник од 471-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 03.01.2024 година;

- Записник од 472-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 11.01.2024 година;

- Записник од 474-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 18.01.2024 година;
 

2. Усвоен е Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година;

3. Донесен е Заклучок предметот по поднесено барање за повторување на постапката по повод конечна пресуда на ЕСЧП да се достави на надлежно постапување до Советот за жалби при Врховен суд на РСМ;

4. Не е донесена е Одлука по Одлука на Управен суд Скопје поради немање потребен број гласови;

5. Донесена е Одлука за престанок на судиска функција на Софија Спасова Медарска, судија на Основен граѓански суд Скопје на 07.02.2024 година, поради избор за член на Државна комисија за спречување на корупција;

  1. Донесена на Одлука за престанок на судиска функција на Мери Радевска, судија на Основен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија;
  • Донесена е Одлука за престанок на мандат на Мери Радевска, член на Судски совет на РСМ, поради престанок на судиска функција;
  1. Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Основен суд Охрид и Апелационен суд Гостивар;
     
  2. Донесена на Одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Гевгелија;
     
  3. Донесена е Одлука за престанок на правото на надоместок на трошоци за превоз на член на Советот;
     
  4. Формирана е Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2024 година во состав:
  • Мирсад Суроји - претседател на Комисија,
  • Павлина Црвенковска – член на Комисија и
  • Ханиф Зендели – член на Комисија;
  1. Разгледан и усвоен е Извештајот со конечна ранг листа на кандидати за избор на 1 (еден) судија на Апелационен суд Гостивар, за кривична област;
     
  2. Донесени се одлуки по изјавени жалби на ранг листи за избор на 2 (двајца) судии на Апелационен суд Штип и тоа еден за кривична и еден за граѓанска област така што жалбите на Тодор Поп Панев и Ѓорѓи Андонов, судии на Основен суд Штип делумно се усвоени, а жалбата на Јулијана Недкова, судија на Основен суд Штип се одбива;
     
  3. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

УПП бр.08-329/23, 401/23, 2/24, 376/23, 12/24;

УПП.бр.08-344/23, 6/24, 31/24;

УПП.бр.08-307/23, 320/23, 337/23, 348/23, 357/23, 368/23, 373/23, 384/23, 397/23;

УПП.бр.08-375/23, 386/23, 395/23, 408/23;

УПП.бр.08-229/23;

УПП.бр.08-377/23, 390/23, 402/23, 410/23,

УПП.бр.08-318/23, 370/23, 381/23, 29/24;

УПП.бр.08-277/23, 331/23, 392/23, 4/24;

УПП.бр.08-383/23;

УПП.бр.08-335/23, 378/23, 387/23, 398/23;

 Повлечени се: УПП.бр.08-21/23, 301/23, 306/23,  396/23, 403/23 и 11/24;
 

  1. Донесена е Одлука за запирање на постапката по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
     
  2. Формирана е Комисија по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
     
  3. Донесени се одлуки за измена на Комисии и тоа:
  • За претседател на Комисија за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд по Оглас за избор на двајца судии во Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област наместо Мери Радевска да стои Ханиф Зендели – Претседател на Комисија,
  • За член на Комисија за проверка на исполнтост на условите и критериумите за избор на претседатели во Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево, наместо Мери Радевска, да стои Сашко Георгиев -  член на Комисијата.