Соопштение од продолжението на 420-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.12.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од продолжението на 420-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.12.2022 година

Соопштенија за јавност  |  07.12.2022
СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на продолжението на  420-та седница од 24.11.2022 година, одржана на ден 07.12.2022 година одлучи за следното:
 
1.Номинирани се членови и заменици на Комисија за завршен испит при Академија за судии и јавни обвинители и тоа:

Јусуф Ајрулахи - член на комисија,  (судија на Апелационен суд Скопје)

- Арбенита Исмани Сакипи - заменик член на комисија, (судија на Основен суд Куманово)

Ѓорѓи Андонов - член на комисија, (претседател на Основен суд Штип)

- Ванчо Трајков - заменик член на комисија,(судија на Основен суд Кочани)

Васил Баткоски - член на комисија, (претседател на Основен суд Охрид)

- Зоран Стеваноски - заменик член на комисија, (претседател на  Основен суд Прилеп)

Розалинда Ристевска - член на комисија,  (судија на Апелационен суд Скопје) и

- Гордана Сајковска -  заменик член на комисија,  (судија на Апелационен суд Скопје)

2. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија:

- Виолета Поповска, судија на Апелационен суд Скопје

- Лидија Чачева, судија на Апелационен суд Скопје

- Славица Тоиќ, судија на Основен суд Тетово и

- Лилјана Јанкова, судија на Основен суд Штип.