Соопштение од 263-та седница од 30.08.2017 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 263-та седница од 30.08.2017 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 263-та седница одржана на ден 30.08.2017 година одлучи за следното:
1. Усвоени се:
• Записникот од 258-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 28.06.2017 и 20.07.2017 година и
• Записникот од 260-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 20.07.2017 година.
2. Разгледани и усвоени се извештаите за работата на судовите во Република Македонија за второто тромесечие за 2017 година и тоа за: Врховниот суд на Република Македонија, Вишиот управен суд, Управниот суд, судовите на апелационото подрачје Битола, апелационото подрачје Гостивар, апелационото подрачје Скопје и апелационото подрачје Штип.
3. Донесена е Одлука за утврдување на работното време во судовите во Република Македонија.
4. Донесена е Одлука за престанок на судиска функција на судија Лавдрим Сефери, судија во Основен суд Гостивар, по сопствено барање.
5. Расправата по извештаите на известителите во постапките за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесување на одлука е одложена на неопределено време, односно до добивање на Известување од Државната комисија за спречување на корупција.