Соопштение од 263-та седница од 30.08.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 263-та седница од 30.08.2017 година

Соопштенија за јавност  |  30.8.2017
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 263-та седница одржана на ден 30.08.2017 година одлучи за следното ...

СООПШТЕНИЕ

        Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 263-та седница одржана на ден 30.08.2017 година одлучи за следното:

1.    Усвоени се:
•    Записникот од 258-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 28.06.2017 и 20.07.2017 година и
•    Записникот од 260-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 20.07.2017 година.

2.    Разгледани и усвоени се извештаите за работата на судовите во Република Македонија за второто тромесечие за 2017 година и тоа за: Врховниот суд на Република Македонија, Вишиот управен суд, Управниот суд, судовите на апелационото подрачје Битола, апелационото подрачје Гостивар, апелационото подрачје Скопје и апелационото подрачје Штип.

3.    Донесена е Одлука за утврдување на работното време во судовите во Република Македонија.

4.    Донесена е Одлука за престанок на судиска функција на судија Лавдрим Сефери, судија во Основен суд Гостивар, по сопствено барање.

5.    Расправата по извештаите на известителите во постапките за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесување на одлука е одложена на неопределено време, односно до добивање на Известување од Државната комисија за спречување на корупција.