Соопштение од 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година

Press realeses  |  Jun 19, 2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за...

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
 
1.Усвоени се:
  • Записникот од 307-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 13.05.2019 година и
  • Записникот од 308-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.05.2019 година.

2.Донесено е решение за продолжување на мандатот на Николчо Николовски, судија на Врховен суд на РСМ и Славица Спасиќ од Основен суд Куманово врз основа на изјава за продолжување на мандатот согласно Законот за судови.

3.Номинирани се член и заменик член на Комисијата за приемен испит на Академијата за судии и јавни обвинители и тоа:
  - Павле Рафајлоски - судија на ОС Гостивар – член,
  - Енвер Амзаи - судија на АС Скопје - заменик член и
  - Тони Делев – судија на АС Штип - заменик член.

4.Констатиран е престанок на судии-поротници на Основен кривичен суд-Скопје.
   Донесена е одлука за избор на судии-поротници во Основен кривичен суд-Скопје.
   Констатиран е престанок на Ангела Манеска, судија-поротник на Основен граѓански суд-Скопје, по сопствено барање.

5.Расправата по еден извештај на комисијата за утврдување на одговорност на судија е одложена.

6.Донесено е Решение за разрешување на судија, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

   Донесено е Решение со кое е запрена постапката за утврдување на одговорност, поради немање на основ за одговорност.

   Донесена е Одлука со која едно барање за утврдување на одговорност на судија е отфрлено како ненавремено и нецелосно.

7.По едно барање за утврдување на одговорност за судија формирана е Комисија.

8.Донесен е Заклучок во врска со делегирањето на судиите, согласно новите измени на Законот за судовите.