Соопштение за изработка на Методологиja со индикатори за сложеност на предмети и оценување на судии [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за изработка на Методологиja со индикатори за сложеност на предмети и оценување на судии

Соопштенија за јавност  |  23.1.2020
Судскиот совет во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) го започнува процесот на подготовка на подзаконските акти за унапредување на системот за оценување на судиите во согласност со Законот за Судски совет (Службен весник на РСМ бр. 102/2019).

                                                        

     Судскиот совет во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) го започнува процесот на подготовка  на подзаконските акти за унапредување на системот за оценување на судиите во согласност со Законот за Судски совет (Службен весник на РСМ бр. 102/2019).


     Целта на ваквата соработка е да се  овозможи:


- Да се воспостави квалитетен систем за оценување на судиите во согласност со Законот за Судски совет, Законот за судови и најдобрите европски практики и стандарди;


- Да ги зајакне капацитетите на Судскиот совет, Врховниот суд и Апелацискиот суд за оценување на судиската функција и капацитети.


     Со цел успешна и сеопфатна реализација, проектот предвидува вклученост на судиите од сите судови во земјата, а со цел воспоставување на квалитетен систем за оценување во согласност со европските стандарди, во процесот ќе учествуваат и судии од Врховниот суд на Република Хрватска, земја со слично компаративно искуство во областа на правосудството.


     Судскиот совет ги поканува сите судии активно да се вклучат и придонесат во процесот на изработка на Методологијата со индикатори за сложеност на предметите и Правилникот за оценување на судиите како неопходни за реформите во правосудството.


     Предвидените активности во рамки на проектот:


-    Изработка на Нацрт-Методологија со индикатори за сложеност на предметите и Правилник за оценување на судиите, како и сите подзаконски акти во согласност со законот.


-    Одржување на средби со судии од сите судови во земјата;


-    Пилотирање на системот за оценување;


-    Обука за оценувачи на судии во АСЈО;


     Проектот ,,Поддршка на Судскиот совет во воспоставување квалитетен систем за оценување на судиите‘’, поддржан од Амбасада на Кралството Холандија, во периодот ноември 2019- декември 2020. Активностите се спроведуваат во координација со проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“, финансиран во рамките на ИПА програмата на Европската унија.