Соопштение од 437-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 437-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 437-та седница одржана на ден 18.04.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоен е Записникот од 434-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 14.03.2023 година;
2. Донесени се одлуки за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на:
- Љиљана Чочковска, судија на Апелационен суд Битола и
- Лазар Ризов, судија на Основен суд Неготино;
3. Донесена е Одлука за мирување на судиската функција на Елизабета Дуковска, судија на Апелационен суд Скопје, поради избор за судија на Уставен суд на Република Северна Македонија;
4. Усвоен е Извештајот на Комисијата за повторно oценување на судија;
5.Усвоени се предлог оценките на кандидати за претседатели на судови;
6. Разгледани и усвоени се извештаи за констатирана состојба;
7. Донесени се Одлуки за измена на Одлуки за увид и оценка на судии и претседатели на судови и тоа:
-Одлука за измена на Комисија за увид и оценка на судии на основните судови во Велес, Гевгелија, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово и Неготино, така што наместо „Ѓорѓи Радојков-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје)“, да стои „Јетмире Ајдини Бошњаку - член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје)“.
-Одлука за измена на Комисија за увид и оцена на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Гостивар, така што наместо „Велко Страшевски- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар)“, да стои „ Ѓерасим Ѓерасимовски - член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар;
-Одлука за измена на Комисија за увид и оценка на судии и претседатели на Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Штип, така што наместо „Беса Адеми–член на Комисија - претседател на Врховен суд на РСМ“, да стои „д-р Џемали Саити -член на Комисија –судија на Врховен суд на РСМ“;
8. Разгледано е барањето од Министерство за правда за финансиска проекција на финансиски средства за спроведување на развојната стратегија за правосудниот сектор за 2023-2027 година и по истото дополнително ќе се расправа и
9. Донесена е Одлука за објавување оглас за избор на 1 (еден) судија на Апелационен суд Гостивар за кривична област, 1 (еден) судија на Апелационен суд Штип за кривична област и 1 (еден) судија на Апелационен суд Штип за граѓанска област.