Соопштение за 355-та седница на Судски совет на РСМ - 09.12.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 355-та седница на Судски совет на РСМ - 09.12.2020 година
Соопштенија за јавност
|
03.12.2020
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 9.12.2020 година (среда) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 355-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 9.12.2020 година, со почеток во 10,00 часот
- Усвојување на:
- Записник од 352-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 11.11.2020 година.
- Донесување на Одлука за избор на претседател на Апелационен суд Штип, Апелационен суд Гостивар, Основен суд Виница и Основен суд Кратово, по оглас број 09-747/2 од 08.05.2020 година.
- Донесување на Одлука за избор на 1 (еден) судија на Основен суд Гостивар, по оглас број 09-751/2 од 08.05.2020 година.
- Донесување на одлуки за избор на судии поротници на Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Велес и Основен суд Штип и за престанок на судиии поротници на Основен суд Велес, Основен суд Штип, Основен суд Струга и Основен суд Дебар.
- Донесување на Одлука по поднесено барање на судија за надомест на патни трошоци.
- Донесување на Одлука по поднесен приговор против решението на претседател на суд за додатоци на плата.
- Донесување на Одлука по поднесена жалба против Одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
- Разгледување и оценување на извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за третото тромесечие за 2020 година.
- Формирање на комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
- Разно.