Соопштение за 437-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 437-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2023 година
Соопштенија за јавност
|
10.4.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 18.04.2023 година (вторник) со почеток во 09,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 437-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 18.04.2023 година, со почеток во 09,30 часот
- Усвојување на:
- Записник од 434-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 14.03.2023 година и
- Записник од 435-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.03.2023 година;
- Утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Разгледување на Извештај за повторно оценување;
- Усвојување на предлог оценки на кандидати за претседатели на Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Штип и Основен суд Битола;
- Разгледување на Извештаи за констатирана состојба;
- Донесување на Одлука за измена на Комисија за редовно оценување на судии на основни судови на апелационо подрачје Скопје;
- Разгледување на Барањето од Министерство за правда за финансиска проекција на финансиски средства за спроведување на развојната стратегија за правосудниот сектор за 2023-2027 година;
- Формирање на Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.