Соопштение од 264-та седница од 4.10.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 264-та седница од 4.10.2017 година

Соопштенија за јавност  |  04.10.2017
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 264-та седница одржана на ден 4.10.2017 година одлучи за следното ...

СООПШТЕНИЕ

        Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 264-та седница одржана на ден 4.10.2017 година одлучи за следното:

1.  Усвоени се:

    •  Записник од 261-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 14.08.2017 година и 17.08.2017 година;
    •  Записник од 263-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.08.2017 година.

2.  Разгледани се доставените мислења од Државната комисија за спречување на корупција во врска со изборот и разрешувањето на судиите.

3. Разгледана е состојбата со судии-поротници во судовите во Република Македонија и донесен е Заклучок претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и заменик претседателот на Судскиот совет на Република Македонија да остварат средба со министерот за правда и министерот за финансии.

4.   Разгледана е состојбата во судовите во врска со непостапувањето на Казнено-поправните установи по наредбите на судиите за спроведување на осудените лица на закажаните расправи и донесен е Заклучок претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и заменик претседателот на Судскиот совет на Република Македонија да остварат средба со министерот за правда.

5.  Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Живка Ивановска, судија на Основен суд Куманово, поради навршени 64 години.

     Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Донка Затаракоска, судија на Основен суд Струга, поради навршени 64 години.

     Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Основен суд Кичево, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.

    Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Кичево.

   Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Апелационен суд Битола за Лена Петруловска и Елена Величковска, по нивно барање.