Соопштение од 218-та седница на Судски буџетски совет - 29.01.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 218-та седница на Судски буџетски совет - 29.01.2024 година

Соопштенија за јавност  |  30.1.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 218-та седница одржана на ден 29.01.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена на дневниот ред по што донесе повеќе заклучоци и усвои:

  1. Записник од 214 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 15.12.2023 година;

- Записниците од 213 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 23.11.2023 година, 215 седница одржана на ден 21.12.2023 година и 216 седница одржана на ден 29.12.2023 година беа повлечени од дневниот ред и одложени за разгледување на наредна седница;

  1. Разгледа Барање од Академија за судии и јавни обвинители бр.05-36/1 од 18.01.2024 год за исплата на надоместоци на плата на вработените по што усвои заклучок со кој дава согласност истото да биде проследено до Министерството за финансии, заради одобрување на бараниот план за исплата;
  2. Усвои Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2023 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
  3. Усвои Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2023 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631;
  4. Усвои Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 631;
  5. Усвои Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2024 година;
  6. Разгледа Барања од единките корисници на судската власт  за вработување на определено време за 2024 година по што усвои заклучок дел од барањата кои се приоритетни да бидат проследени до Министерството за финансии заради добивање согласност;
  7. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јануари 2024 година за судската служба и вработените во Судскиот совет на РСМ и одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата на членовите на Судски совет на РСМ и судиите;
  8. Разгледа Барања за вработувања по основ на мобилност со преземање на судски службеници, без јавен оглас во ОС Куманово и ОС Тетово и даде согласност за истите;
  9. Усвои Одлука за склучување договор со ЈП „Службен весник на РСМ“ за годишна претплата за единките корисници на судска власт за интернет пристап до Електронската база на ЈП „Службен весник на РСМ“ за 2024 година по што усвои заклучок единките корисници на судската власт да продолжат да добиваат еден примерок од службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ во печатена форма;
  10. Разгледа Информација во врска со исплата на јубилејна награда на вработените во единките корисници на судска власт согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор по што усвои заклучок дека  исплата на јубилејни награди согласно одредбите од Општиот колективен договор следува на вработените кои во 2024 година навршуваат  точно 10, 20, 30 и 40 години работен стаж.