Соопштение од 232 итна седница на Судски буџетски совет - 15.08.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 232 итна седница на Судски буџетски совет - 15.08.2024 година
Соопштенија за јавност
|
15.8.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 232-та итна седница одржана на ден 15.08.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:
- Разгледа допис на Министерство за финасии бр.08-7921/1 од 14.08.2024 година и усвои Заклучок: Судскиот буџетски совет да го достави Буџетскиот циркулар со пропратните документи до единките корисници кои имаат обврска да ги достават своите предлог буџетски барања за 2025 година до СБС најдоцна до 22 август.
- Под точка Разно разгледа барање од Апелационен суд Скопје за средства за набавка на климатизер за сервер сала од причина што едниот климатизер е во дефект, а поправката е економски неоправдна, по што усвои Одлука за дополнителна распределба на средства за АС Скопје за горенаведената намена во износ од 60.000,00 денари за сметка 603, ставка 480140—Набавка на компјутерска опрема.