Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Press realeses  |  Jul 9, 2018
Претседателот на Судски совет на Република Македонија Зоран Караџовски, заедно со членовите на ССРМ Мери Дика Георгиевска, Јелица Крстевска, Селим Адеми и Беким Реџепи остварија работна средба со делегација на Венецијанската комисија ...

 СООПШТЕНИЕ

   

    Претседателот на Судски совет на Република Македонија Зоран Караџовски, заедно со членовите на ССРМ Мери Дика Георгиевска, Јелица Крстевска, Селим Адеми и Беким Реџепи остварија работна средба со делегација на Венецијанската комисија, која деновиве е во работна посета на Република Македонија по повод побараното мислење за измените на Законот за судовите и Законот за Судски Совет на Република Македонија.
    Во текот на дводневната посета на Република Македонија, Делегацијата на Венецијанската комисија ја претставуваа г-дин Ричард Берет од Ирска, г-дин Цирил Рибичич од Словенија, г-дин Филип Димитров од Бугарија и г-дин Григори Диков од Франција кој е правен експерт од Одделот за човекови права и владеење на правото – Совет на Европа.
    На средбата се разговараше за новите измени на Законот за судовите и законот за Судски совет на Република Македонија  особено за примената на член 60 од Законот за Судски совет на РМ, како и за членовите 75, 76 и 77 од Законот за судови во делот за нестручно и несовесно вршење на судиската функција, за потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија  како основ за негово разрешување како и за дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија  за која ќе се изрече само дисциплинска мерка.
    Членовите на Судски совет на РМ дадоа свои мислења во врска со примената на овие членови како и за евентуалните измени на одредени законски одредби со цел да се обезбеди полесна нивна примена.