Средба Дамева-Лога [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба Дамева-Лога

Соопштенија за јавност  |  18.1.2024

 

Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева денес одржа средба со Министерот за правда, Кренар Лога, по негово барање,  која претставува почеток на интензивна соработка помеѓу Судскиот совет на Република Северна Македонија и Министерството за правда, секој во рамките на своите законски надлежности, со цел подобрување на состојбата во судството и враќање на довербата кај граѓаните.

Претседателката Дамева изрази задоволство до Министерот Лога за сите активности преземени изминатиот период кои се од значење за Судскиот совет, особено донесената Стратегија за развој на правосудниот систем за периодот 2024-2028 година, како и за формирање на работна група за реформи во Судскиот совет.