Соопштение од 297-та седница одржана на ден 07.02.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 297-та седница одржана на ден 07.02.2019 година

Соопштенија за јавност  |  07.2.2019
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 297-та седница одржана на ден 07.02.2019 година одлучи за следното ...

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 297-та седница одржана на ден 7.02.2019 година, го измени и дополни Дневениот ред и одлучи за следното:


1.    Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на 6 (шест) судии во Апелационен суд Скопје, и тоа за:
-    3 (тројца) судии за Кривична област;
-    2 (двајца) судии за Граѓанска област и
-    1 (еден) судија за Трговски спорови.

2.    Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседатели на судови во Република Македонија, и тоа претседатели на:
-    Основен суд Битола со Одделение Демир Хисар;
-    Основен суд Велес;
-    Основен суд Делчево;
-    Основен суд Кавадарци;
-    Основен суд Кичево со Одделение Македонски Брод;
-    Основен суд Крива Паланка;
-    Основен суд Неготино;
-    Основен суд Прилеп;
-    Основен суд Скопје 2 Скопје и
-    Основен суд Штип со Одделение Пробиштип.

3.    Разгледан е Извештајот на Комисијата формирана во Судскиот совет на Република Македонија во врска со Извештајот за извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор на примената на одредбите од Судскиот деловник за Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија и констатирано е дека треба да се спроведат дополнителни проверки на одредени околности заради правилно и целосно утврдување на фактичката состојба.
Изменет е составот на Комисијата на Судскиот совет на Република Македонија, бидејќи на дел од членовите им престана мандатот како член на Судски совет на Република Македонија.


Расправата по точка “4“ се одложи.