Соопштение од 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година, одлучи за следното:
1.Усвоени се:
• Записникот од 296-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.01.2019 година и 31.01.2019 година;
• Записникот од 297-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 07.02.2019 година и 13.02.2019 година;
• Записникот од 298-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 13.02.2019 година.
2.Расправата под точка „2“ од Дневниот ред се одлага.
3.Донесена е Одлука со која се утврди бројот на слободни судиски места за основните судови на 55 (педесет и пет) за VII-та Генерација на кандидатите за судии во Академија за обука на судии и јавни обвинители.
4.Донесена е Одлука за формирање на комисии за редовно оценување на судиите и претседателите на судови за 2017 и 2018 година, како и комисија која ќе постапува по барањата за повторно оценување.
5.Шемседин Јусуфи, заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија е предложен за член на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на медијацијата.
6.Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Јагода Ѓуркова, судија на Апелационен суд Штип, поради исполнување на услови за старосна пензија.
7.Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Љуба Карафилоска, поради навршени 64 години старост.