Соопштение од 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година

Соопштенија за јавност  |  14.3.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 301-та седница одржана на 14.03.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

     Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 301-та седница одржана на ден 14.03.2019 година, одлучи за следното:

1.Усвоени се:

 • Записникот од 296-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.01.2019 година и 31.01.2019 година;
 • Записникот од 297-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 07.02.2019 година и 13.02.2019 година;
 • Записникот од 298-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 13.02.2019 година.

2.Расправата под точка „2“ од Дневниот ред се одлага.

3.Донесена е Одлука со која се утврди бројот на слободни судиски места за основните судови на 55 (педесет и пет) за VII-та Генерација на кандидатите за судии во Академија за обука на судии и јавни обвинители.

4.Донесена е Одлука за формирање на комисии за редовно оценување на судиите и претседателите на судови за 2017 и 2018 година, како и комисија која ќе постапува по барањата за повторно оценување.

5.Шемседин Јусуфи, заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија е предложен за член на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на медијацијата.

6.Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Јагода Ѓуркова, судија на Апелационен суд Штип, поради исполнување на услови за старосна пензија.  

7.Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Љуба Карафилоска, поради навршени 64 години старост.