Соопштение за 203-та седница на Судски буџетски совет - 20.06.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 203-та седница на Судски буџетски совет - 20.06.2023 година
Соопштенија за јавност
|
14.6.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 20.06.2023 година (вторник) со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи 203-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на корекција на Записник од 200-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 05.05.2023 година;
- Усвојување на Записник од 201-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 22.05.2023 година; Записник од 202-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 06.06.2023 година;
- Анализа за потребни средства за пренамена со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за вработените во администрацијата во судската власт;
- Одлука за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година, со предлог одлука;
- Одлука за формирање на работна група за учество во спроведување и реализација на целосната постапка за обновување, доградба, поправка и уредување на пасивната мрежна опрема во судскиот систем на Република Северна Македонија;
- Барање за пренамена на средства бр.05-297/1 од 12.06.2023 година од Академија за судии и јавни обвинители;
- Барање проширување на квартален финансиски план на расходи бр.05-49/3 од 12.06.2023 год. од Академија за судии и јавни обвинители;
- Разно.