Соопштение од 193-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 193-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2023 година
Соопштенија за јавност
|
24.1.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) на 193-та седница одржана на ден 24.01.2023 година, во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јануари 2023 година;
- Разгледа Барање на Совет за ИКТ бр.08-3226/1 од 09.12.2022 година за надградба, инсталација и конфигурација на Femida True Records во судовите на РСМ со присуство на Претседателот на Советот за ИКТ и информатичари од судовите;
- Разгледа Информација во врска со исплатата на правични надоместоци за повреда на правото за судење во разумен рок од страна на државни органи;
- Разгледа информација и издаде согласност за пополнување на работно место по пат на превземање по доставено барање од Судски совет на РСМ и АС Скопје;
- Разгледа Известување и барање за итна интервенција бр.25/2023 година од ОС Свети Николе.