За прв пат македонскиот Судски совет учевствуваше на Годишното собрание на мрежата на совети на Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

За прв пат македонскиот Судски совет учевствуваше на Годишното собрание на мрежата на совети на Европа

Соопштенија за јавност  |  03.6.2022

За прв пат македонскиот Судски совет учевствуваше на Годишното собрание на мрежата на совети на Европа

 

Во Атина се одржува тридневното Генерално собрание на Еврпоската мрежа на совети за правосудство на Европа (ENCJ) на кое за прв пат учевствува и Северна Македонија како набљудувач. Оваа година тема на собранието е правосудната солидарност во време на кризи. Високи личности од сферата на правосудството од цела Европа ги изложија резултатите од истражувањата, како и решенијата за унапредување на независноста, отчетноста и квалитетот на правосудството.

Нашата држава е преставена од претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска и членот на советот, Миљазим Мустафа, кои имаат активно учевство на годинешното Генерално собрание на ENCJ.

Деновиве во Атина, на настанот беа изложени и резултатите од доскорешниот Правен форум за дигитализација на правосудните системи при што беа споделени искустгва од авансирање на ИТ технологијата и нејзината употреба во сферата на правосудството со цел подобрување на судските перформанси, односно олеснување на патот кон правдата за граѓаните.

На собирот, Црвенковска и Мустафа остварија средба со претседателот на ENCJ, Филипо Донати кој го поздрави нашето прво учевство и изрази силна подршка за нашата држава за реформскиот процес, дигитализацијата и активностите кои се преземаат од Судскиот совет во правец на создавање на независен, професионален и транспарентен судски систем.

Беше остварена и средба со Димитрос Скалтсунис, претседател на Врховниот правосуден совет за управно право на Грција со кого се споделија искуства, но и се дискутираше за можни решенија за што поефикасно реформирање на судството.

Годишното собрание беше искористено да се остварат и неколку билатерални средби. Со преставниците на Црна Гoра беше дебатирано за Методологијата за квалитативно оценување на судиите која започна со имплементација од страна на Судскиот совет, а се договори наскоро да се реализираат посети со цел да се продлабочи соработката. Со преставниците на Косово беше разгледана можноста за соработка во ИТ технологијата, како и во областа на управното судство. Средба беше остварена и со високите преставници на норвешкото судство на која беше нагласена нивната поддршка за надградба на АКМИС системот, но и се дискутираше и за други проекти важни за унапредување на македонското судство.