Работна средба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба

Njoftim për opinionin  |  22 Gsh 2024

 

 

Работна средба

 

По јавниот повик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, а со цел  доставување предлози во насока на спроведување на рефромскиот процес, имплементација и подобрување на регулаторната рамка за Судскиот совет на Република Северна Македонија и враќање на довербата кај граѓаните во судството,  по иницијатива на Судскиот совет на Република Северна Македонија, се одржа работна средба на ден 20.08.2024 година, со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на која присутвуваа  и министерот за правда, Игор Филков и заменик министерот за правда, Ален Деребан.

На работната средба, претседателката Дамева  ги запозна со  реалната состојба и активностите на Советот  кои ги превзема во насока на подобрување на состојбата во судството, постигнатиот напредок и заложбата на Советот за постигнување на целите согласно препораките на Оценската мисија за работата на Судскиот совет нотирани во Извештајот.

Претседателката Дамева укажа на самостојноста и независноста на судската власт, а воедно ја изрази и подготвеноста за соработка со сите институции во рамки на своите надлежности,  со цел успешно спроведување на рефромскиот процес во судство и унапредување на судскиот систем и истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава, а сите три власти се должни тоа да им го обезбедат.