Јавен повик
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен повик
Согласно член 14 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/2019), Судскиот совет на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА И ФОНДАЦИИТЕ ВО ОБЛАСТА НА
ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО
Врз основа на член 9 став 1 алинеја 1 и член 16 став 1 алинеја 2 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/2019), Судскиот совет на РСМ на ден 19.06.2020 година објави Оглас за избор на 1 (еден) член на Судскиот совет од редот на судиите oд апелационо подрачје Битола („Службен весник на РСМ“ бр.164/2020).
Согласно член 14 став 1 и 2 од Законот за Судскиот совет на РСМ, Советот формира Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на судиите. Комисијата се состои од претседател, два члена и нивни заменици. Согласно став 3 од истиот член, претседателот на Комисијата за избор, еден член и нивните заменици се избираат од Здружението на судии на Република Северна Македонија, а еден член и неговиот заменик се избираат од редот на претставниците на здруженијата и фондациите кои работат повеќе од пет години во областа на човековите права и владеење на правото.
СЕ ПОВИКУВААТ здруженијата и фондациите кои работат повеќе од пет години во областа на човековите права и владеење на правото, во рок од 10 дена од објавувањето на повикот на веб страната на Судскиот совет да номинираат по еден кандидат за член и негов заменик на Комисијата за избор.
КРИТЕРИУМИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ КАНДИДАТОТ
- Завршени правни студии со стекнати 300 ЕКТС или VII/1степен и
- кое не е осудено со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци.
Судскиот совет ја утврдува исполнетоста на условите од член 14 став 3 и 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија и утврдува листа на кандидати за Комисија за избор, од кои по пат на ждрепка се избираат двајца членови и нивни заменици.
СУДСКИ СОВЕТ
Бр.02-1032/1 НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2020 година Претседател,
Скопје Киро Здравев