Претседателката на Судскиот совет оддржа состанок со претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Судскиот совет оддржа состанок со претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Njoftim për opinionin  |  17 Mar 2023

 

Претседателката на Судскиот совет оддржа состанок со претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева одржа состанок со преставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Франц Петучниг, проект менаџер, Натиа Катситатѕе, шеф на Отсекот за владеење на правото и човековите права, Александра Георгиевска-Гиноска  и  Игор Ристески, национални офицери – набљудувачи, а во врска со Регионалниот проект за набљудување на судските процеси „Борба против организираниот криминал и корупција во Западен Балкан“, кој го спроведува ОБСЕ, со поддршка на Европската Комисија, како и останатите активности на Мисијата.

На состанокот беше истакнато дека главна цел на овој Проект е да се промовира поефективен судски одговор кон корупцијата и организираниот криминал во Западен Балкан.

Претседателката на Судскиот совет истакна дека за да се постигнат повисоки стандарди и унапредување на сите сфери во македонскиот правосуден систем ќе бидат од корист резултатите од овој Проект, кој има за цел зајакнување на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупција и дека од особено значење за Судскиот совет е соработката со ОБСЕ која ќе продолжи.