Соопштение од 234-та седница на Судски буџетски совет - 20.09.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 234-та седница на Судски буџетски совет - 20.09.2024 година

Press realeses  |  Sep 20, 2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 234-та седница одржана на ден 20.09.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена и дополнување на дневниот ред со уште една точка, по што усвои:

  1. Записник од 231-та седница одржана на ден 25.07.2024 година;

Записникот од 232-та итна седница одржана на ден 15.08.2024 година и записникот од 233-та седница одржана на ден 27.08.2024 година беа повлечени и одложени за наредна седница, поради немање доволно кворум за нивно разгледување и усвојување од членовите на СБС кои биле присутни на тие седници;

  1. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2024 година во висина од 7% за судските службеници;

Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2024 година во висина од 2% за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1. Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637;
  2. Усвои Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 603;
  3. Усвои Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 631;
  4. Разгледа и усвои Информација за дополнителна распределба на капитални расходи од Буџет судска власт за 2024 год;
  5. Усвои заклучок Измената на Единствениот годишен план за вработување во судовите за 2024 година да се достави во Министерството за финансии;
  6. Даде согласност за пополнување на слободно работно место по пат на преземање на 1 (едно) лице со работно место советник информатичар од Основен суд Свети Николе во Судскиот совет на РСМ на работно место советник-администратор;

Даде согласност за пополнување на слободно работно место по пат на преземање на 1 (едно) лице од Управниот суд во АС Гостивар на работно место со звање Судски соработник;

  1. Разгледа информација за негативни мислења од Министерството за финансии по поднесени барања за вработување и унапредување, по што членовите на Советот се договорија да одржат состанок во најскоро време заради утврдување на понатамошни дејствија, а со цел рационално и ефикасно постапување по добиените негативни мислења;
  2. Разгледа информација во врска со преземање на професионални војници со навршени 45 години возраст во судовите, по што усвои заклучок да се започне постапка за преземање на лицата за кои има интерес за преземање од страна на судовите на работно место судски полицаец и за тоа да се информира Министерството за правда;
  3. Разгледа информација во врска со измена на барање за вработување на пет лица на определено време во ОС Штип, по што беше дадена согласност Судскиот буџетски совет да го проследи корегираното барање од ОС Штип за вработувања на определено време за 2024 година до Министерството за финансии на понатамошно постапување;
  4. Разгледа известувања од Основен граѓански суд Скопје СУ-03-858/23-11 од 18.07.2024 година, СУ-03-858/23-13 од 09.08.2024 година и дополнување на известување СУ-03-858/23-14 од 23.08.2024 година, по што усвои заклучок да се извести претседателот на Основниот граѓански суд Скопје со оглед дека како претседател на судот ја отпочнал постапката за зголемување на просториите кои ги користи Основниот граѓански суд Скопје, во рамки на неговите надлежности да ја продолжи истата, а за идни или слични вакви ситуации е должен да го известува СБС пред отпочнување на постапка;
  5. Разгледа барање од Основен граѓански суд Скопје Су 05 бр.317/24 од 09.08.2024 година за преиспитување на Одлука за Ребаланс за капитални расходи за 2024 година кон Основен граѓански суд Скопје;
  6. Разгледа конечен извештај на Државен завод за ревизија за извршена ревизија во Основен граѓански суд Скопје за буџетска сметка 603, сметка на сопствени приходи 631 и сметка на депозит 696, по што членовите на Советот се согласија на наредна седница да се расправа  за евентуално преземање на активности во врска со утврдената состојба;
  7. Под точка разно разгледа известување од АС Битола Су-03-270/24 од 29.07.2024 година во врска со изработка на плата и други сметководствени работи за суд од апелационото подрачје кој нема вработено сметководител.