Обраќање на претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска, на настан на ОБСЕ за родовата еднаквост во судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Обраќање на претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска, на настан на ОБСЕ за родовата еднаквост во судството

Соопштенија за јавност  |  18.11.2022

 

Обраќање на претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска, на настан на ОБСЕ за родовата еднаквост во судството

 

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, имаше воведно обраќање на промоцијата организирана од ОБСЕ, посветена на публикацијата која се однесува на родовата застапеност во судството. Црвенковска истакна дека европските вредности не препознаваат дискриминација според родовата припадност, а ние е неопходно да ги следиме процесите и да учествуваме во креирањето на рамноправно општество кое нуди еднакви можности за сите и кое ги вклучува жените како идентичен фактор во креирањето иднина на државата.

„Оваа студија низ препораките илустрира еден посовршен систем во кој е изолирана дискриминацијата, не само по родова припадност, туку и по етничка, со потенцирање на човековите права на помалите заедници, односно женските припаднички кои се соочуваат со нееднаков третман при упис на Академијата за судии и јавни обвинители или при огласите за вработување. Но, кога зборуваме за родовата еднаквост, или пошироко за дискриминацијата како општествена појава, тогаш Судскиот совет и судството во целина мора да внимава на почитување на правата на граѓаните, учесници во судски постапки, или поточно во континуитет да има механизми како да ги штити жените, но и мажите од секаков вид на дискриминација.“-  Студијата на ОБСЕ наведува поголем број категории граѓани на кои им се ускратуваат некои права при водење на судски постапки со што им се загрозува правото на правда. Секој од нас е свесен дека со постоењето вакви случаи се нарушува легитимитетот на судството, а ние сме во фаза во која е неопходно да покажеме високо ниво на правичност, еднаквост и почитување на човековите права, како важен предуслов за судство без дискриминација, она што од нас го бараат и европските вредности.“- подвлече Црвенковска.

Кога станува збор за родовата припадност или за учевство на жените во судството тогаш недвојбено е дека судството предничи пред другите сектори. Ако се погледне низ бројките во Судскиот совет има шест жени членови на Судскиот совет, додека во администрацијата на советот од вкупно 33-ца вработени 23 се жени. Што се однесува до бројот на судиите во моментов имаме 257 судијки наспроти 156 судии или во проценти македонското судство има 62 отсто жени. Во судската администрација имаме 1 234 жени или исто така 62 отсто од вработените. Овие високи проценти зборуваат дека судството не прави ограничување или дискриминација според родовата припадност.

„Со овие бројки се потврдува дека нашиот судски систем има еднаков третман и овозможува рамноправност на жените, кои даваат сериозен придонес во функционалноста на системот и во градењето структури со кои се олеснува патот до правдата за сите граѓани. Мојата определба, како и определбата на Судскиот совет и понатаму останува дека мораме да промовираме родова еднаквост при вработувањата во судството, со ставање акцент на етничките заедници. Но, исто така да им овозможиме остварување на човековите права на сите граѓани кои се дел од судска постапка или едноставно имаат потреба од некаква услуга од судскиот ситем, за целосно да ја отстраниме дискриминацијата. Правдата не смее да познава дискриминација и предрасуди, само така ќе имаме судство на кое ќе може да му се верува.“- дополни Црвенковска.