Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  01.4.2019
Во организација на Механизмот за координација на експертизи - Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција кој е финансиран и реализиран од ЕУ и Советот на Европа...

СООПШТЕНИЕ

             

    Во организација на Механизмот за координација на експертизи - Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција кој е финансиран и реализиран од ЕУ и Советот на Европа, на 28 март 2019 година во хотел Холидеј Ин Скопје се одржа работилница за членовите на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавните обвинители за подобрување на транспарентноста и комуникацијата. Претставници од Судскиот совет на РСМ беа претседателот Зоран Караџовски и членовите Гордана Спиреска и м-р Селим Адеми.
   Целта на работилницата беше да се идентификуваат предизвиците и начините на справување на двата совета со пошироката јавност и со медиумите, за прашања поврзани со нивната транспарентност и меѓусебната комуникација.
    На работилницата, претставниците на двата совета разменија искуства за заедничките проблеми, најдобрите практики, успешните приказни и научените лекции, заедно со меѓународниот консултант г-ѓа Мартина Михордин, портпарол на Државното јавно обвинителство на Република Хрватска и експертот г-дин Холгер Хембах, консултант на Советот на Европа.