Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите ја известува јавноста и медиумите дека во текот на вчерашниот ден (06.06.2024 година) се спроведоа избори за членови на Судскиот совет на РСМ, и тоа од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и од Апелационото подрачје Битола.
За член на Судски совет на РСМ од редот на судиите од општата листа на Врховен суд на РСМ е избран судијата Исамедин Лимани, додека за член на Судски совет на РСМ од редот на судиите од општата листа за кандидати од апелационото подрачје Битола е избран Александар Камбовски – судија во Апелационен суд Битола.
Во законски предвидниот рок немаше доставено приговори, согласно одредбите од Законот за Судскиот совет на РСМ.
На следниот линк може да се најде целосната снимка од сумирањето на резултатите.
https://www.youtube.com/watch?v=HsHb-RjaqfA
КОМИСИЈА
за спроведување на избори на членови на
Судскиот совет на РСМ
од редот на судиите
Претседател,
Subhi Jakupi
Член
Емилија Шопар Јованова
Член
Јелена Кадриќ