Соопштение од 290-та седница одржана на ден 14.11.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 290-та седница одржана на ден 14.11.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 290-та седница одржана на ден 14.11.2018 година, одлучи за следното:
1. Усвоени се:
• Записникот од 285-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 26.09.2018 и 27.09.2018 година;
• Записникот од 286-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.10.2018 година и
• Записникот од 289-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 25.10.2018 година.
2. Донесена е Одлука за заклучување на Судскиот изборен именик.
3. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Анета Арнаудовска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, по сопствено барање.
4. Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Аган Решати, по сопствено барање.