СУДСКИ СОВЕТ И СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВААТ СОРАБОТКАТА
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СУДСКИ СОВЕТ И СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВААТ СОРАБОТКАТА



СУДСКИ СОВЕТ И СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВААТ СОРАБОТКАТА
Судскиот совет на Република Северна Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија планираат да ја подобрат и интензивираат соработката меѓу овие две тела. Ова е договорено на денешната средба организирана на иницијатива на Судскиот совет, на која присуствуваа претседателот и заменикот на Судскиот совет, Сашко Георгиев и Ханиф Зендели, како и претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и неговиот заменик, Арбер Исаку.
На средбата, првите луѓе на овие две тела се согласија во најскоро време да се изготви и потпише меморандум за соработка, во кој ќе бидат дефинирани насоките и правците за натамошна соработка. Заеднички беше оценето дека постојат многу прашања и проблеми , кои се идентични за двете тела и за кои може многу подобро да се координираат и да настапуваат пред други институции, а со цел за нивно поефикасно решавање од интерес на двете тела.