Соопштение за 313-та седница на Судски совет на РСМ - 1.07.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 313-та седница на Судски совет на РСМ - 1.07.2019 година

Соопштенија за јавност  |  26.6.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 1.07.2019 година (понеделник) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија...

СООПШТЕНИЕ

               Седницата ќе се одржи на ден 1.07.2019 година (понеделник) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 313-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 1.07.2019 година, со почеток во 10,00 часот

1.Донесување на одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно Законот за судови.

2.Донесување на Одлука за утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија.

3.Одлучување по поднесено Барање на судија за надомест на патни трошоци.
 
4.Формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.
 
5.Разгледување на Извештај по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија од известител – член на Советот, заради утврдување на навременост и целосност на барањето.
 
6.Разно.

                   Седницата под точките „4“ и „5“ од Дневниот ред не е јавна.