Соопштение од 256-та седница од 20.06.2017 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 256-та седница од 20.06.2017 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 256-та седница одржана на ден 20.06.2017 година одлучи за следното:
1. Усвоени се:
-
Записникот од 254-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 10.05.2017 година;
-
Записникот од 255-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 31.05.2017 година.
2. Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на:
-
судија Сузана Милевска од Основен суд Кочани во Основен суд Делчево за период од најмногу 1 година од денот на упатувањето и
-
судија Борис Бержецки од Основен суд Струмица во Основен суд Берово, за период од најмногу 6 месеци од денот на упатувањето.
3. Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Струмица за Каролина Чавков, по нејзино барање.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Славјанка Јанкоска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, поради навршени 64 години.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Мирјана Нонковска, судија на Основен суд Скопје 2 Скопје, поради навршени 64 години.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Милка Бизевска, судија на Основен суд Битола со Одделение Демир Хисар, поради навршени 64 години.