Самит за дигитализација на судството: Судскиот совет ќе постави високи стандарди за ажурен и професионален систем [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Самит за дигитализација на судството: Судскиот совет ќе постави високи стандарди за ажурен и професионален систем

Соопштенија за јавност  |  13.6.2022

Самит за дигитализација на судството: Судскиот совет ќе постави високи стандарди за ажурен и професионален систем

 

Во Охрид се одржува Самит за дигитализација на судството, како механизам за враќање на довербата во правосудството. Преставниците на Судскиот совет во своите излагања нагласија дека процесот на дигитализација и трансформација на системот се неопходни за да може Судскиот совет во иднина да обезбеди зајакнување на капацитетите на човечките ресури и да постави високи стандарди на ажурност и професионалност кај судиите и судовите, но и она што е важно за граѓаните- да обезбеди лесна и брза пристапност до правдата со крајна цел да се врати довербата во судството.

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска ја нагласи важноста на финансиите кои судството ги добива од државата и потенцираше дека колку повеќе постои политички консензус околу дигитализацијата и колку повеќе државата инвестира толку процесот на информатичка трансформација ќе биде поцелосен и поуспешен.  

Фокусот на Судскиот совет е да изгради силна и компетентна инфораматичка структура, која во оваа фаза на процесот се наметнува како нужна. Истовремено, преку дигитализацијата ќе се обезбедат информации и податоци, кои од судовите ќе се слеваат во Судскиот совет, каде што ќе се креираат статистики и политики за ажурноста и ефикасноста на судството.

    Заменик претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми, истакна дека од особена важност е тоа што со новата технологија Судскиот совет ќе има прилика да влијае врз создавањето на независни, одговорни и професионални судии затоа што дигитализацијата ќе овозможи едноставен и целосен увид во податоците за траење на судските постапки, за начинот на нивното водење и за тоа дали се почитуваат човековите права на граѓаните.

Свои излагања на самитот имаа и членовите на Судскиот совет, Лорета Ѓорѓиева и Миљазим Мустафа , кои воедно се и членови на Советот за координација на ИКТ во правосудството. Тие ја издвоија дигитализацијата како суштински процес во реформирањето на судството и во создавањето услови за независно, одговорно и транспарентно одлучување преку кое ќе се зацврсти довербата на граѓаните во судството.