Средба во Судскиот совет: Норвешка ќе донира нов АКМИС систем, судството ќе стане понезависно и потранспаретно [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба во Судскиот совет: Норвешка ќе донира нов АКМИС систем, судството ќе стане понезависно и потранспаретно

Press realeses  |  Sep 19, 2022

    Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, заедно со заменикот Селим Адеми и членовите Лорета Ѓорѓиева и Миљазим Мустафа, оствари работна средба со директорот на Судскиот совет на Норвешка Свен Мариус Урке, придружуван од Аудун Хогнес Берг, кој е дел од норвешкиот совет и Амра Јашаревиќ, задолжена за реформи во судствата од регионот. На средбата присуствуваа и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев и професорката Гордана Лажетиќ, како дел од Советот за информатичко- комуникациска технологија.

    Директорот на Судскиот совет на Норвешка ја потенцираше неопходноста од целосно дигитализирање на македонскиот судски систем преку современа информатичка технологија со цел да се олесни пристапот на граѓаните до судството, но и да се создаде поефикасен, потранспарентен и понезависен судски систем. Нагласи дека целата независност на судството во Норвешка се потпира на информатичката технологија.
Од страна на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска, норвешката делегација беше известена дека во моментот советот издвојува финансиски средства за процесот на дигитализација на судството и изрази подготвеност советот активно да учевствува во инсталирањето на нов АКМИС систем, во кој ќе бидат содржани и алатки кои до сега не ги користело македонското судство.
    Членовите на Судскиот совет искажаа уверување дека со целосната дигитализација и со инвестицијата во информатичка технологија ќе се обезбеди транспаретно и независно судство кое ќе го олесни давањето услуги кон граѓаните, а судските постапки ќе ги направи поотворени за јавноста, со што ќе се врати и довербата кај граѓаните.
    Двете страни на состанокот се согласија дека изборот на судии, нивното оценување и унапредување, кои се во надлежност на Судскиот совет, ќе бидат поцелосни и поквалитетни доколку се дигитализира целиот судски систем. Норвешка, заедно со други донатори е подготвена да инверстира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија.