Соопштение од 316-та седница одржана на ден 27.08.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 316-та седница одржана на ден 27.08.2019 година

Соопштенија за јавност  |  27.8.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 316-та седница одржана на ден 27.08.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

              Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 316-та седница одржана на ден 27.08.2019 година, одлучи за следното:

1.Усвоени се:
 • Записникот од 309-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.05.2019 година и 30.05.2019 година;
 • Записникот од 312-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.06.2019 година и
 • Записникот од 313-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 01.07.2019 година.

2.Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на судијата Борис Бержецки од Основен суд Струмица во Основен суд Берово, за период од 6 месеци од денот на упатувањето.

3.Донесена е Одлука за усвојување на Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за претседател на Вишиот управен суд и на Основниот суд Неготино.

4.Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, и тоа за:
- Ади Усеини – судија на Основен суд Струга;
- Драган Ѓеровски – судија на Основен суд Тетово;
- Фатмир Даути – судија на Основен суд Струга;
- Илија Стојанов – судија на Основен суд Струмица;
- Лазо Ѓоргоноски – судија на Основен суд Струга и
- Нухи Рустеми – судија на Основен граѓански суд - Скопје.

6.Редовно се оценети претседателите на судовите во Република Северна Македонија, за 2017 и 2018 година, освен претседателот на Основен кривичен суд - Скопје.

7.Расправаше по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи:
- по две барања е донесена одлука со која е запрена постапката.

8.Расправаше по извештаите на членовите известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи:
- две барања се отфрлени како нецелосни.

9.Формирани се комисии на известители по 2 (две) барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

  Точката „5“ од Дневниот ред – „Одлучување по жалба поднесена против Решението за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција“ е одложена, поради правно прашање за кое е потребно при одлучувањето да присуствуваат сите членови на Судски совет на Република Северна Македонија со право на глас.