Соопштение од 357-та седница на Судски совет на РСМ - 24.12.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 357-та седница на Судски совет на РСМ - 24.12.2020 година

Соопштенија за јавност  |  24.12.2020

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 357-та седница одржана на ден 24.12.2020 година одлучи за следното:

 

  1. Донесени се Одлука за престанок на функцијата на судии поротници на Основен суд Прилеп и за избор на судиии поротници на Основен суд Прилеп.
  2. Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надоместок на закупнина на стан за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина.
  3. Разгледани се извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот одлучи комисиите да ги доработат извештаите по дадените напатствија.
  4. Во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд се донесени следните одлуки:
  • По едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката.
  • Донесена е Одлука со која е утврдено нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
  • Донесена е Одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена.
  • Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.
  1. Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. 
  2. Разно.