Судски совет за барањето на министерот Лога за изземање на член од Комисија на известители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Судски совет за барањето на министерот Лога за изземање на член од Комисија на известители

Соопштенија за јавност  |  28.11.2023

 

Судски совет за барањето на министерот Лога за изземање на член од Комисија на известители

 

Во врска со изнесениот јавен став  на министерот за правда, Кренар Лога  кој  побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители  по поднесено барање  за утврдување на одговорност  за  судија, Судскиот совет на Република Северна Македонија цени дека е должен да даде одредени појаснувања.

Министерот  Лога е должен да го почитува Законот за судски совет, да се однесува професионално и како што му доликува на  функцијата, а во согласност со одредбите од  Кодексот за етичко однесување за членовите на Влада и носителите на јавни функции именувани од  страна на Владата.

И покрај неколкуте пречекорувања на  надлежностите на министерот и неговите тврдења дека е во „отворена војна со Судскиот совет“, членовите  цело ова време покажуваат добра волја за соработка  и редовно го покануваат и повикуваат да присуствува на седници, за да може отворено да се разговара  за сите прашања  и проблеми поврзани со функционирањето на судството.

Министерот Лога досега  свесно  ги игнорираше ваквите барања, а со последното барање, изнесе многу невистини, но и свесно ја  нарушува работата на  Советот.

Длабоко веруваме и искрено се надеваме дека на министерот  му се добро познати одредбите  од Законот  за Судски совет, особено членовите 33 и  61. Во членот 33  е  јасно пропишана  постапката  во кои случаи е  предвидено  изземање на член  на Судскиот совет,  додека во членот 61, како и во  неколку други последователни членови е разработената  постапката за утврдување  на одговорност на судија или претседател на Суд. Министерот, како и  јавноста, би требало да знаат дека постапката за утврдување на одговорност е итна,од доверлив карактер, тајна и без присуство на јавноста, со цел да се  заштити угледот  и достоинството на судијата или претседателот на судот.

Оттаму, изненадува како е можно министерот јавно да изнесува информации за тоа против кого е поднесено барање,а уште помалку кој членува во Комисијата на известители,  па дури и да бара изземање, кога заради тајноста на постапката, не му се доставуваат материјали  на министерот, поради законската неможност  истиот да  учествува во постапувањето.

Сакаме да обрнеме внимание дека не е прв пат, министерот јавно да изнесува податоци, но и да објавува  неправосилни судски одлуки. Судовите имаат обврска да  ги објавуваат  своите одлуки, но анимизирано и со согласност со  одредбите  од Законот  за движење на предметите во судовите.